Околу 200 лица од Бугарија со знамиња и плакати со ликот на Цар Борис трети ја одбележаа 95-годишнината од смртта на Мара Бунева.
Пред спомен плочата на Бунева на кејот на Вардар се поклонија членови на бугарската Фондација „Македонија“, меѓу нив беше и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, најдобро познат по својата анти-македонска реторика.
Тој порача дека нема да дозволи продолжување на , како што рече: „денационализација на Бугарите во Македонија“.
Засега нема реакција од македонското МНР на ваквата реторика од бугарска страна.
Можеби ќе ве интересира: