Од вчера официјално започна Јавниот училишен превоз во рамките на Јавното претпријатие Градски превоз Кавадарци, за сите ученици од Општина Кавадарци, но и од општините Неготино и Росоман, кои посетуваат настава во основните и средните училишта во градот Кавадарци, објави вчера на својот фесбук профил градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев.
Текстот продолжува под рекламата
Станува збор за вкупно 472 ученици од трите средни општински училишта, како и 162 ученици од основните општински улилишта ,,Страшо Пинџур’’ и ,,Тошо Велков Пепето’’.
Текстот продолжува под рекламата
На почетокот на следниот месец е планирано да започнат со работа и двете градски линии, како и приградските линии на релација Кавадарци, Неготино, потоа Ресава, Бегниште, Возарци, Дреново, Шивец, Сирково,Трстеник, Манастирец, Рибарци, Глишиќ, Марена, Ваташа како и селата од Бошавијата“, додава Јанчев во објавата.
Можеби ќе ве интересира: