Додека сите други второлигаши не само што почнаа со подготовки, туку и веќе ги комплетираа своите тимови за пролетниот дел од сезоната од Фудбалскиот клуб Борец молк околу тоа дали и како ќе ја доигра сезоната.
Текстот продолжува под рекламата
Клубот е пред згаснување, нема датум за почеток на подготовки, неизвесен е настапот за пролетниот дел, а од најавите за доаѓање на спонзор кој ќе го извлече клубот и ќе го врати на старите патеки засега се само кулоарски муабети од кои нема реализација.
Текстот продолжува под рекламата
Судбината на Борец ќе се решава во идните денови. Познавачите појаснуваат дека петок е последниот ден до кога може велешката гордост да се консолидира. Најлошите прогнози се дотаму дојдени што велат дека велешани воопшто нема ниту да почнат, ниту да се натпреваруваат во пролетниот дел. Ако тоа се случи, тогаш на Борец му се заканува црно сценарио и префрлување во најнизок ранг.
Борец е без бодови после есенскиот дел од сезоната, и речиси иден третолигаш, нанижа 15 порази со гол разлика од 6 постигнати погодоци и 54 примени.
Можеби ќе ве интересира: