Основното јавно обвинителство Велес отвори истражна постапка против 21-годишен жител на Богомила осомничен за убиство. Како што информираат од Јавното обвинителство, тој се товари дека убиството го сторил со умисла, а жртва е 60-годишен маж, кој починал од повредите што му ги нанел осомничениот.
Текстот продолжува под рекламата
„Осомничениот, на 22 јануари, со умисла лишил од живот едно лице. Оштетениот 60-годишник дошол до куќата на осомничениот да ги повика својата сопруга, ќерката и помалиот син кои биле во домот на осомничениот да се вратат дома. Осомничениот на тоа излегол надвор и без причина започнал да го удира оштетениот со тупаници во пределот на градите. Ќерката на оштетениот ги раздвоила, но од повредите оштетениот починал“, стои во соопштението од Обвинителството.
Текстот продолжува под рекламата
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост за осомниченото лице.
Можеби ќе ве интересира: