Промоција на книгата „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова

Вчера во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес, беше промовиран романот „Солзите на сестра ми“ од Лилјана Зашова. Промотор беше Нада Алексова која во своето излагање ја потенцираше важноста на темата која е секојдневна и реално присутна помеѓу сите нас. Една многу значајна социјална тема- посвојувањето на деца од Македонија во странство.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Содржински опфаќа момент на посвојување на две близначки, но да дојде до тоа писателката прави паралела преку случувања во Македонија и во Франција преку три главни ликови, лекар од Скопје, француски брачен пар и семејството од едно село во Скопска Црна Гора, додаде Алексова.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Авторката на книгата Лилјана Зашова кажа дека инспирација добила од вистински настан, и веќе размислува за продолжение на романот.Приказната ја имала слушнато пред 20 години но сега одлучила да ја напише и објави. Повеќе години собирала информации и работела на овој роман.

Директорката на Библиотеката Снежана Бошевска посочи дека Лилјана Зашова е пример дека никогаш не е доцна да се почне со творење па дури и да се напише роман. На авторката и посака овој нејзин прв роман да не биде и последен. Промоцијата со музички точки ја збогатија учениците Ива Бабуновска и Јулијана Огњановска од музичкото училиште „Стефан Гајдов“, а делови од романот читаше Анастасија Ѓорѓиева.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35639/petmina-veleshani-uapseni-poradi-maloletnichka-pornografija/