Фудбалскиот клуб Борец пред неколку дена доби ново раководство, кое прва работа му беше да обезбеди тренер кој ќе го води клубот. Никола Карчев ќе го преземе кормилото на велешани кој во вториот дел од сезоната ќе води жестока борба за опстанок.
Содржината продолжува под рекламата
Карчев има работено во Локомотива, Кадино, исто така имаше и ангажман во Германија , во редовите на Бовингхаузен, како и во Пахтахор како член на стручниот штаб на Славчо Војнески.
Содржината продолжува под рекламата
На полусезоната Борец е на последното место, без ниту еден бод, дури 13 помалку од Каменица Саса која е на позицијата која води во бараж за опстанок. Во следните денови Борец ќе ги добие и првите нови засилувања.
Можеби ќе ве интересира: