Вучиќ: Можеби ќе мора да воведеме санкции кон Русија

Aleksandar Vucic

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во парламентот дека Белград можеби ќе мора да воведе санкции кон Русија, пренесува N1.

Zito akcija 640x289px

„Не сум ентузијаст за тоа, но не знам колку долго ќе издржиме ако не воведеме санкции. Ние ја плаќаме цената што не ги воведовме, но тоа е прашање на политичка посветеност на нашето раководство“ – рекол Вучиќ.

Agria

Тој изјавил дека веднаш ставил до знаење дека ништо не му се допаѓа во предлогот на Европската унија поврзан со решението на косовскиот проблем.

„Ги претставив најлошите детали од договорот, за да укажам на тежината на ситуацијата“, изјавил Вучиќ.

Неподносливата леснотија на неодговорноста го прогонува нашиот народ, рекол Вучиќ, истакнувајќи дека водењето на државата бара огромна одговорност.

Пратениците на српскиот парламент денеска започнаа нова вонредна седница на која претседателот на Србија Александар Вучиќ го презентираше Извештајот за преговарачкиот процес со Приштина.

Извештајот до пратениците формално го доставија Владата на Србија, Канцеларијата за Косово и Метохија, како и малку познатата Канцеларија за координативни прашања во преговарачкиот процес со институциите на самоуправа во Приштина.

По обраќањето на Вучиќ почна дискусијата. Во текот на попладневните часови се случи инцидент во кој што дојде до туркање и проблеми меѓу пратеници од власт и опозицијата кои се упатија кон местото каде што седеше Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35775/video-inczident-vo-srpskoto-sobranie-se-turkaa-i-navreduvaa-prateniczi-od-opoziczijata-i-vlasta/