Реклама

Не прекинуваат шпекулациите дека лидерот на Северна Кореја е мртов

Ким Јонг Ун се шпекулира дека е мртов, како што пренесуваат неколку медиуми во Хонг Конг, додека едно јапонско списание известува дека “rocket man” на Северна Кореја е во „вегетативна состојба“, откако тој беше подложен на операција на срцето на почетокот од овој месец.

Zito akcija 640x289px

Заменик директорката на сателитската телевизија Хонг Конг, радиодифузна мрежа поддржана од Пекинг во Хонг Конг, тврди дека Ким е мртов според „многу сигурен извор“. Нејзиниот пост на кинеската апликација за пораки „Веибо“ е широко споделена на социјалните медиуми.

Agria

Други непотврдени извештаи, кои им се припишуваат на високи партиски извори во Пекинг, рекоа дека операцијата за вметнување на стент тргна наопаку, бидејќи рацете на хирургот многу се тресеа.

Извор: nypost