Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два до 2,5 денари за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16 отсто.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 76 денари за литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за два денари и ќе изнесува 75 денари за литар.
Содржината продолжува под рекламата
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат и остануваат 82 и 84 денари за литар, односно 41,411 денари за килограм.
Можеби ќе ве интересира: