Втората смена на скопските училишта и денеска е цел на анонимни закани за поставени бомби. Во повеќе средни и основни училишта на службените мејлови уште пред самиот почеток на првиот час е пристигната порака со заканувачка содржина дека во објектот на училиштето е поставена експлозивна направа.
Содржината продолжува под рекламата
„Денеска (09.02.2023) до 13.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 18 основни и средни училишта на подрачјето на Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа“, стои во соопштението на МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: