Пронајден хероин во домот на велешанец, определена мерка притвор

Osnovno javno obvinitelstvo Veles
Osnovno javno obvinitelstvo Veles

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против велешанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот, на 9 февруари, полицијата пронашла 168 пакувања со вкупно 30,24 грама хероин, како и парични средства за кои постои сомнение дека биле стекнати со илегална продажба на наркотична дрога.

Agria

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд Велес достави предлог за определување мерка притвор спрема осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство и можност да го повтори делото.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира:

Picerija LEA
Последни вести
Филипче: СДСМ останува силен промотор на европската идеја, време е за обединување а не за калкулации
Мицкоски: Не прифаќаме наметнувања под маска на европскиот процес
Преминот Богородица ќе се прошири, ќе добие две нови ленти