Вчера во 10.00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 52-годишниот Р.Б. од Велес, извести МВР.
Содржината продолжува под рекламата
„Тој се сомничи дека преку мобилна апликација на малолетничка од Скопје пуштал фотографии со експлицитна содржина. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени предмети поврзани со делото“, соопшти МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: