Парите за боледувања од утре на сметка, плати за медицинскиот персонал сеуште нема

Maticni lekari
Maticni lekari

Парите за боледувања внесени во системот на Фондот за здравствено осигурување во периодот пред сајбер – нападот, од утре ќе им бидат на сметките на осигурениците. Фондот попладнево извести дека почнала исплатата.

Zito akcija 640x289px

„Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда. Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата“, соопшти Фондот.

Agria

Речиси сите модули на системот кој две недели беше под сајбер-напад, од Фондот велат дека се ставени во функција. Утрово се врати во функција „Мое осигурување“, а се работи на враќањето во функција и на ДРГ системот, кој служи за евиденција на болничките услуги.

Кога ќе им бидат исплатени платите на здравствените работници, од Фондот не кажуваат и по денешните протести на дел од вработените во ГОБ„8 Септември“ и Геронтолошки завод.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: