Лажни се дел од десетиците закани за бомби во Скопје

Bombi ucilista Skopje Fevruari
Bombi ucilista Skopje Fevruari

Проверките по дојавите за бомби во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг покажале дека станува збор за лажни дојави, соопштија од МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, стои во соопштението на МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информира јавноста.  

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: