СПМ ги демантира наводите во кривичната поднесена против нив

SVR Veles tabla

Синдикатот на полицијата на Македонија, СПМ, реагираше до МВР во врска со две кривични пријави поднесени за вработени во СВР Велес и во СВР Битола. Според синдикатот, со ова МВР се обидува да ја оцрни и целосно да ја сопре работата на синдикатот. Во продолжениe реакцијата на Синдикатот на полицијата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На ден 22.01.2023 година на прес пред МВР презентиравме дека се спрема напад и црно сценарио кон СПМ, за да по секоја цена се сопрат синдикалните активности и запознавање на јавноста каде во изминатиов период без влакна на јазикот објективно упатувавме критики за лошото работење и менаџирање на министерството за внатрешни работи. Ќе повториме и сега спротивно на Закон иако тоа е забрането и МВР не може да се меша во работата и дејствувањето на синдикатот, од страна на високи структури во СВР Велес и Одделот за внатрешната контрола по секоја цена спротивно на закон, спротивно на сите процедури презедоа мерки, незаконски дејствија на секаков начин неосновано да ја оцрнат работата на СПМ со поднесување на неоснована и измислена кривична пријава.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Притоа при испрашувањето на основачите на СПМ како да се најголеми криминалци им беа вршени разни форми на притисок и доведувани во заблуда со цел да се прикажат непостоечки „назаконити” дејстија” а дел од наши членови се сомневаме дека имаат дадено најверојатно можеби и лажни изјави за наводно пополнети пристапници.

НАЈОСТРО ГИ ДЕМАНТИРАМЕ НАВОДИТЕ ПО ПОВОД ПОДНЕСЕНАТА КРИВИЧНА ПРИЈАВА и сето ова го сметаме како обид да се запре синдикално движење во Македонија.

На крај ќе прашаме дали е вистина дека сите вмешани високи структури во СВР Велес кој добија задача на секаков начин да му наштетат на СПМ и да се мешаат во синдикалното делување претходно им е ветено унапредување на повисоки места доколку по секоја цена поднесат КП против СПМ?

Денешниот ден и упадот во синдикалното организирање преставува атак кој ние како Синдикат нема да го заборавиме и простиме. Напротив ќе ги преземеме сите мерки и дејствија за да ја докажеме вистината.
Синдикат на Полиција во Македонија и понатаму ќе истрае во борбата за подобри услови и права во Полицијата. Едно е јасно : НЕМА ДА НЕ ЗАМОЛЧИТЕ!

Го повикуваме премиерот Ковачевски, надлежните институции, амбасадите да преземат мерки и да го запрат ваквото незаконско дивеење и поднесување на неосновани пријави кои имаат единствена цел за оцрнување на Синдикат.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36332/video-zdravstvenite-rabotniczi-protestiraa-pred-veleshka-bolnicza-baraat-poramnuvane-na-minimaleczot/