Според надлежните денеска во 09.30 часот е пријавено дека на електронските адреси на 14 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиените пријави од полициските службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки, соопшти полицијата.
Вчера имаше закани за поставена експлозивна направа во 86 училишта, една градинка и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Можеби ќе ве интересира: