Трагедија: Девојче изгоре во пожар

Pozar na stan
Pozar na stan

Во големиот пожар што синоќа се случи во скопската населба Илинден потврдено е дека е најдено опожарено тело на малолетно лице во вагон-цистерна.

Zito akcija 640x289px

Во изјава за Фокус командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски вели дека пожарот е изгаснаст многу брзо, но дека несреќата била фатална за едно лице. „Малолетно девојче изгорело од струен удар“, потврди Томевски.

Agria

„Имавме пријава за опожарен вагон цистерна. Интервениравме со две возила и седум пожарникари и пожарот е веќе изгаснат. Затекнато е опожарено тело на вагонот цистерна“, рече Томевски.

Како што наведува Фокус, починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар од електричните жици над вагоните кои биле полни со нафтени деривати.

Случајот во МВР го пријавил дежурниот во Македонски железници.

Инаку, претходно регионалниот Центар за управување со кризи на Скопје синоќа информираше дека точно во 21.05 часот од Македонски железници бил пријавен пожар на цистерна на железничката станица „Илинден“, и Центарот потврди дека во несреќата има починато лице.

Во деталното соопштение ЦУК Скопје наведува дека пожарникарите го изгаснале пожарот и дека информирале оти има едно починато лице. Во информацијата било наведено дека на местото на настанот пристигнати биле претставници на Итна медицинска помош, полицијата и на скопското Јавно обвинителство и кои постапувале согласно нивните процедури.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: