Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир денеска ќе потпише Меморандуми за соработка со градоначалниците Марко Колев и Тони Коњановски за отворањето на „Europe House“ во Велес и во Битола.
Како што е најавено, амбасадорот Гир и градоначалникот на Велес, Марко Колев ќе потпишат Меморандум за соработка и ќе проверат до каде е изградбата на „Europe House“ Велес со посета на локацијата. Работите започнаа во јануари оваа година и треба да се завршат во период од четири месеци.
Потоа, амбасадорот Гир ќе ја посети Битола за да го потпише Меморандумот за соработка со градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. Церемонијата на потпишување ќе се одржи во Офицерскиот дом, каде во иднина ќе биде сместена „Europe House Битола“, а ќе присуствува и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Можеби ќе ве интересира: