Од утре поевтини горива

Benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98% во однос на одлуката од 24.2.2023 година.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,064 ден/кг и сега изнесува 41,266 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36427/evakuiran-sudot-vo-ohrid-poradi-dojava-za-bomba/