Денеска ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Врнежите ќе продолжат и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во текот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Пообилни врнежи ќе има утре попладне и преку ноќта кон среда, а потоа и на крајот од работната седмица.
Можеби ќе ве интересира: