Реклама

(ВИДЕО) 32 патници загинаа во судир на два воза кај Лариса, соседна Грција

Најмалку 32 луѓе загинаа, а десетици беа повредени во трагична несреќа кога два воза се судрија во северна Грција. Несреќата се случила околу полноќ, кај градот Лариса, пред кањонот кој ги раздвојува регионите Тесалија и Македонија. Патничкиот воз патувал од Атина до Солун со околу 350 патници, кога се судрил со товарен воз кој доаѓал во спротивна насока. Причината за несреќата засега не е позната.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Спасувачките служби цела ноќ барале преживеани. Според изјавата на еден од патниците, Стерјос Миненис, прво се слушнала експлозија, па настанал пожар.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Слушнавме голема експлозија. Тоа беа кошмарни десет секунди. Се превртувавме во вагонот додека не паднавме на страна. Потоа настана паника. Кабли, оган. Пожарот избувна моментално”, рече Миненис.

Пожарникарите и амбулантните возила биле на местото на несреќата за да помогнат, но условите за спасување биле тешки поради сериозноста на судирот.

„Тоа беше многу моќен судир. Предниот дел на возот е смачкан. Ужасна ноќ, тешко е да се опише сцената“, изјави гувернерот на Тесалија, Костас Агорастос.

Портпаролот на пожарникарската служба Василис Вартакојанис сведочи за она што го видел на местото.

„Никогаш не сум видел вакво нешто во мојот живот. Пет часа подоцна, и натаму вадевме тела. Сведочиме на огромна трагедија”, рече тој.

Околу 150 пожарникари и 40 амбулантни возила биле на местото на настанот за да помогнат.

Можеби ќе ве интересира: