Двајца се убиени, а еден е повреден во пресметка синоќа во кафуле на влезот на старата скопска чаршија од страната на Калето.
Околностите под кој се случил настанот укажуваат дека станува збор за однапред направено сценарио, со точно одредени жртви. Еден од нив е и наркобос кој се поврзува со Грчец, Јетон Кривањева викан Жила. Неговото име во јавноста се поврзуваше и со други инциденти во минатото.
Според првичните информации од полицијата и од дежурниот јавен обвинител неколку маскирани лица со огнено оружје влегле во кафулето нешто по 20 часот и пукале кон двајца кои починале на лице место, додека повредениот бил пренесен во болница со прострелни рани.
Напаѓачите избегале со возило, кое според полициски информации подоцна било најдено запалено.
Повеќе информации очекуваме во текот на денот.
Можеби ќе ве интересира: