Реклама

Ивановски: Целта на Кеги Моби е третото место во првенството

Kegi mobi

По репрезентативната пауза во која настапуваше македонската репрезентација, продолжуваат возбудувањата во Првата футсал лига на Македонија. На домашен терен КМФ Кеги Моби ја пречекува екипата на КМФ Јувентус која е во долниот дел на табелата и бара бодови за спас по секоја цена. По завршување на полусезоната од таборот на КМФ Кеги Моби потенцираат дека амбициите за оваа година се да завршат на третата позиција по видно ослабувањето на КМФ Шкупи поради заминување на поголем број од играчите.

Zito akcija 640x289px

„Одиме дома по цел плен да си освоиме три бода во недела и да бидеме чекор подалеку и од зоната за испаѓање во ранг подоле за која не размислуваме одамна и чекор погоре за тоа трето место каде велешка екипа одамна го немала. Изгубивме чекор од двете водечки екипи но сепак првенството за нас мора да се доигра и ни претставува чест и задоволство што сме далеку од зона за ранг подоле со оглед на тоа дека кадарот за на натпревар тешко се комплетира. Во недела ќе имаме комплетен состав каде знаеме на што одиме и тоа е дел од нашата цел. Тренерот нема многу на располагање затоа што спремноста на екипата секогаш е под неговото посакувано ниво како и секој тренер сака неговата екипа да е фул спремна за пред се на теренот да покаже влијателност, а и после тоа да се намалат повредите во нашиот тим каде од почетокот на првенството до ден денес ги има во изобилие за наша жал“, изјави Кирил Ивановски футсал играч на Кеги Моби.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од клубот потенцираа дека се заобиколени од стручниот штаб на репрезентацијата. Иако во клубот има млад потенцијал за репрезентативци, сепак до сега не е повикан играч на Кеги Моби во репрезентацијата на Македонија.

„Уште една работа која сакам да ја споменам тоа е дека и на овој собир на нашата репрезентација немаше претставник од нашиот тим и да упатам апел до селекторот за следниот собир кога ќе биде (после баражот) да испазари од младиот кадар на нашиот тим каде во иднина некои од тие можат да бидат и носители на таа футсал репрезентација. Сакам воедно да ја честитам и победата против Шведска и тоа што се чекор поблиску до бараж за големо натпреварување и да увидат дека без велешки кадар тешко би функционирала таа репрезентација. Секоја чест и за нашиот капитен кој според неговите изјави се пензионираше во свој стил со два погодоци и му посакувам успех за некоја година во тренерските води бидејќи знам што му е следен чекор“, изјави Кирил Ивановски футсал играч на Кеги Моби.

Натпреварот помеѓу Кеги Моби и Јувентус Серава ќе се одигра во недела на 12 март со почеток од 17 часот во спортската сала „Гемиџии“. Натпреварот можете да го следите и во живо на фан страната на Батали.нет и јутуб каналот на Батали.нет

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36654/veleshaneczot-rangotov-ja-zavrshi-reprezentativnata-futsal-kariera/