Над 39 милиони денари штета причини невремето кое минатата година во три наврати го погоди Лозово. Уништен беше движен и недвижен имот, а Комисијата за штети при Општината прифати вкупно 260 барања од населените места во Лозово.
Засега елаборатот има добиено зелено светло од Советот на Општина Лозово и истиот е испратен до Влада. Опфатени се следните населени места, Каратманово 69, Дорфулија 70, Лозово 104, Милино 3, Аџиматово 9, Ѓуземелци 4 и Ќоселери 1.
Содржината продолжува под рекламата
Општината со силно невреме беше зафатена во мај и јуни минатата година и тоа во три наврати во растојание од само неколку дена. Лозови насади, овоштарници, житарици, движен и недвижен имот претрпеа штета во невремето, а проценката на штетата заврши на крајот на месец јуни.
Можеби ќе ве интересаира: