Повредени тројца мигранти кај Велес кога возило излета од патот гонето од полицијата

Soobrakajka so migranti 1
Soobrakajka so migranti 1
ФОТО: АРХИВА

Тројца од 11 мигранти скриени во возило „опел“ се повредени во близина на Велес откако по бегство од полицијата возачот загубил контрола над возилот, кое се превртило.

Zito akcija 640x289px

„На 12.03.2023 од слобода е лишен Ј.З. (27) од Слупчане, општина Липково поради тоа што со возило „опел“ превезувал 11 мигранти (3 од Индија, 5 од Пакистан и 3 од Авганистан). На 12.03.2023 околу 00,25 часот на автопат А1 Неготино-Велес тој не застанал на даден знак од страна на полициски службеници од Полициска станица Михајлово, по што во близина на Велес изгубил контрола над возилото, кое се превртело“, соопшти МВР.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Ј.З. и три лица мигранти со телесни повреди се пренесени во Општата болница Велес за пружање на лекарска помош, а потоа Ј.З. е лишен од слобода и задржан во Полициска станица Велес за понатамошна постапка, додека мигрантите се сместени во Привремениот транзитен центар Винојуг.

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Можеби ќе ве интересаира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: