Комисија утре треба да се изјасни за името на клубот „Ванчо Михајлов“

pozar vo bitoila vo bugarski klub
pozar vo bitoila vo bugarski klub

Утре истекува рокот кога владината Комисија за употреба на имиња треба да донесе став и да го достави до Министерството за правда во врска со прашањето за преименување на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола, заради усогласување со измените на Законот за здруженија.

Zito akcija 640x289px

Врз основа на ставот на Комисијата, министерот за правда потоа треба да донесе одлука и доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар.

Agria

Од Министерството за правда за МИА изјавија дека владината Комисија за употреба на имиња утре ќе го одржи состанокот, со оглед дека во изминатиот период биле направени промени на нејзиниот состав. Комисијата ја сочинуваат пет члена од кои по еден претставник од министерствата за правда и за култура, еден од Институтот за национална историја и двајца, кои доаѓаат од редовите на МАНУ.

„Се очекува одлуката на Комисијата. Министерот за правда целосно ќе ја почитува“, наведуваат од Министерството за правда.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: