Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес вчера ги додели признанијата за најдобрите на полето на крводарителството во Велес, Градско и Чашка за 2022 година.
Содржината продолжува под рекламата
Признание за 100 пати дарувано крв доби Јован Андреев. Признанија добија и Сашко Хаџи Арсов Николче Несторов, Драге Станчевски, Даниела Петровска, Дарко Атанасовски, Илиевски Гоце, Ален Давчевски, Бојан Станчев, Сашо Новачев и Јово Стојков кои својата рака ја подале педесет пати.
Содржината продолжува под рекламата
Во знак на благодарност за унапредување и омасовување на крводарителството, значаен придонес за исполнување на локалниот и републичкиот план за крводарителство во 2022 година и за поддршка на крводарителството Благодарница им се додели на: Здружение „Велес Бајкинг“, Основна организација на Црвен крст Градско, ССОУ Коле Неделковски и Горан Богоевски.
Можеби ќе ве интересира: