Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведени две лица

Marihuana kesi
Marihuana kesi
ФОТО : АРХИВА

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници на СВР Велес во две одделни акции лишија од слобода двајца дилери на дрога.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„На 16.03.2023 во 18.30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.Ј. (29) од Велес. При претрес во домот на неговиот брат Т.Ј. (31) од Велес, извршен по наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана, една дигитална вага, поголем износ на пари во различни апоени“, соопштија од СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Нешто пред тоа, во 16.50 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.К.(25) од Велес. При претрес во неговиот дом во Велес, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени една дигитална вага и двe дробилки за марихуана“, информираа од СВР Велес.

Лицата се приведени во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на настанот ќе следат соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: