Промовирана книгата „Развојни вредности“ од Божидар Јовиќ

Вчера во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес беше промовирана книгата „Развојни вредности“ од авторот Божидар Јовиќ. Промоцијата ја отвори Директорот на библиотеката Снежана Бошевска, додека стихови читаа ученици од Гимназија „Кочо Раци“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“. 

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Авторот на свој начин кој ги опишува човечките доблести што ја красат личноста, а тоа се единствени приоритети кои секој од нас ги носи во себеси и се на преден план, и тие се всушност корените вредности.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„На чуствителен, нему својствен начин авторот Божидар Јовиќ извршил индивидуално препознавање, откривање и доближување на одговорниот однос во донесување и воспоставување на соодветна комуникација и координација на вредностите кои ќе придонесат за квалитетен развој на себеси во организирање на својата заложба во работата. Однесувањето или усогласувањето се најдобар модел и начин за исполнување на поставените цели со позитивни и ефективни резултати во креирање и координирање на вредностите кои ги бараме од себеси и од другите“, рече промоторот на книгата Лили Арсова.

Авторот на ова дело Божидар Јовиќ рече дека оваа стихозбирка е целина која од нас отвора нов хоризонт во препознавање на синтагматската целина.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37089/antonio-konte-dobiva-otkaz-od-totenhem/