понеделник, 1 јули, 2024
Реклама

За летово сите свадби откажани, за бремените жени само матично со двајца сведоци

Скоро сите свадби кои беа закажани за овој период од годинава, како и за летово се откажани за догодина или презакажани за наесен. Граѓански бракови се случуваат само на оние парови кои што очекуваат принова, но и вој тој случај без посебни церемони и не повеќе од десет минути. Од управата за водење книги за пораталот сакамдакажам.мк, велат дека во овој период од годината има најмногу свадби и нема никаков слободен термин, односно дека имаат по 350 свадби во месецот. Но, состојабата со коронавирусот ја промени целата ситуација. Поради мерките кои ги донесе владата откажани се речиси сите свадби, а со тоа не венчаваат ниту матичарите.

Zito akcija 640x289px

“Ониe парови на кои им се брза поради бременост или некоја друга причина ги венчаваме во општинските матични служби, но церемонијата трае многу кратко, не повеќе од 10 минути. На венчавката можат да дојде само по еден сведок на младенците и толку. Роднини, пријатели, зурли, тапани пред матично нема. Сите носат маски и заштитни ракавици. Можам да кажам дека од 350 венчавки кои сме ги имале овој период, сега има едвај 10 месечно”, велат од Управата за водење на матични книги.

Agria

Министерот Венко Филипче на вчерашната прес конференција од новинарите, беше запрашан дали годинава ќе можат да се оддржуваат секаков вид на свадбени, семејни, и секаков вид на прослави.

“Комисијата веќе спреми протоколи за одржување на разни курсеви, едукации, за јавниот превоз. За работа на ресторани, училишта и градинки не се финализирани. Сите тие протоколи ќе се споеделат со стопанските комрои, и секако дека некоја ситуација ќе бара модификација на протоколот. Засега сметам дека е сѐ уште рано и до средината на мај ќе го формираме концептот” рече на вчерашната прес конференција Венко Филипче.