(ФОТО) Промоција на кампањата „МВР за граѓаните – заедница, доверба, одговорност“

kampanja-svr-5
kampanja-svr-5

Пред Спомен плочата на загинатите борци наспроти Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, раководството на СВР Велес ја започна заедничката кампања на МВР и МПС, „МВР за граганите -заедница, доверба, одговорност“ чија цел е доближување на до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот – полициско работење со заедницата, важноста од градењето партерство помеѓу полицијата и граѓание, но и механизмите за контрола брз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и легитимитет.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

„Преку оваа кампања, која стартува денеска, насловена „МВР за граѓаните – заедница, доверба и одговорност“ ја реафирмираме и потенцираме пораката дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, да креира побезбедни средини за граѓаните каде тие ќе чувствуваат поголема сигурност. Но, и дека работиме на подигање на интегритетот на полициските службеници, со прецизно дефинирани механизми за нејзина контрола, како внатрешни, така и надворешни“, истакна потпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Оваа кампања има за цел полицијата уште повеќе да се доближи до граѓаните, а развивањето концептот „Полицијата и граѓаните“ да претставува наш одговор на потребите на граѓаните. Полициското работење со заедницата, значи градење на партнерство кое се базира на доверба помеѓу полицијата и граѓаните, а планската соработка придонесува за спречување на криминалот, при што резултатот е зголемена безбедност и подобар квалитет на живеење, нешто што
сите заеднички го посакуваме., подвлече Самарџиев.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: