Фудбалерите на Превалец им се вратија на победите по двата минимални порази во претходните кола. Во рамките на 15 коло од Третата фудбалска лига -Југ тие го совладаа составот на Марена со резултат 4:1.
Содржината продолжува под рекламата
Во доста тврд и борбен натпревар гостите парираа само едно полувреме. Пеце Стојанов со голот во 29 минута го отвори резултатот, додека Фазлиов со удар од 11 метри го израмни резултатот во 41 минута.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел квалитетот на домаќините дојде до израз, па така со головите на Маневски во 60 и Буковски во 68 минута Превалец дојде до водство од 3:1, а печат на натпреварот стави Гоцевски во 82 минута.
По 15 одиграни натпревари Превалец се наоѓа на 4 место со 28 бода. Во следното коло Превалец гостува на Бучин кој се наоѓа на 9 место на табелата со 15 освоени бода.
Можеби ќе ве интересира: