(ФОТО) Девет први награди за балетското студио „Анабела” во Сараево

Anabela Saraevo 1

Дваесетина членови на балетското студио Анабела изминатиов викенд се натпреваруваа на престижниот танцов натпревар Inter dance fest во Сараево. На натпреварот балетското студио Анабела се престави со вкупно 21 кореографија, од кои 16 соло, 3 групни и 2 формации во исклучително силна конкуренција.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Во Сараево членовите на Анабела се закитија со 9 први места, две втори, едно трето, две четврти, едно петто, едно шесто, едно седмо, едно осмо и три деветти места. Велешките танцови амбасадори достојно ги претставија Велес и Македонија во Босна и Херцеговина.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Настапот на Inter dance fest беше поддржан од страна на Општина Велес и Алена ДООЕЛ. Во претстојниот период, следуваат уште неколку натпревари за членовите на балетското студио Анабела , за кои интензивно се подготвуваат.

  • Anabela Saraevo 1

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: