Ако велешани се разочарани од резултатите на сениорскиот тим на Борец, сепак за велешкиот фудбал доааѓат подобри времиња. Фудбалската школа на Борец Јуниор од Велес е вистински расадник на квалитетни фудбалери на што говори фактот дека од тука селектираат повеќе прволигашки екипи.
Содржината продолжува под рекламата
Како резултат на одличната работа веќе двајца фудбалери заминаа во Академија Пандев, еден фудбалер е веќе две години член на Работнички и репрезентативец на Македонија, а поголемиот дел се веќе во тренажниот процес со сениорскит тим на Борец.
Содржината продолжува под рекламата
„Целта на Борец Јуниор е да преку работа и правилно скенирање на фудбалерите, во иднина да продолжиме да вадиме таленти и првотимци кои ќе ги носат дресовите низ Македонија а и пошироко“, изјави координаторот и претседател на школата Маријан Јаковлевски.
Можеби ќе ве интересира: