Кочо Анѓушев во официјална посета на Малта со цел поврзување на стопанствата на двете земји

Koco Angusev Malta

Почесниот конзул на Малта во Скопје, проф. д-р Кочо Анѓушев, престојуваше во официјална посета на Малта, чија цел беше да се воспостават контакти за поврзување на македонските и малтешките фирми и да се отвори нов пазар за македонското стопанство.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Анѓушев беше примен од министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг, кој се заблагодари за конзуларниот ангажман што г-н Анѓушев го извршува во име на Малта во Северна Македонија.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

На средбата беше разговарано за актуелната политичка состојба во двете земји, како и за влијанието на глобалната геополитика врз економските состојби во Европа. Министерот Борг ја поздрави заложбата на почесниот конзул Анѓушев да се засили економската соработка и да се воспостави мост меѓу стопанствата, којшто ќе биде во интерес на двете страни.

Анѓушев во главниот град Валета се сретна со повеќе стопански субјекти од различни дејности, кои во иднина би можеле да соработуваат со фирми од Северна Македонија, а имаше разговори и со Агенцијата за странски инвестиции на Малта.

Во следниот период, почесниот конзулат во Скопје, во соработка со Стопанската комора, ќе организира делегација од македонски стопанственици да ја посети Малта, а следен чекор потоа ќе биде посета на фирми од Малта на нашата земја.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: