Дел од горивата поскапуваат, дел остануваат со исти цени

benziska pumpa
benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 отсто во однос на одлуката од 10.4.2023 година.

Zito akcija 640x289px

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,784 %, кај дизелот 0,639 %, кај екстра-лесното масло има намалување од 0,211 % и кај мазутот има зголемување од 1,245%.

Agria

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,164 %

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“ и на „евродизелот (Д-Е V)“ не се менуваат.

Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 0,50 денари/л, а малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,330 денари/кг.

Од 19.4.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 85,00 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 87,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 74,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1)“ – 72,50 (денара/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,409 (денар/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 19.4.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: