Реклама

Во изминатите 24 часа не се регистрирани нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес

Центарот за јавно здравје Велес извести дека дека во изминатите 24 часа не се регистрирани нови случаи на Ковид-19 на територијата на град Велес.

Zito akcija 640x289px

Исто така во изминатото деноноќие има 10 нови излекувани пациенти. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашиот град изнесува 77 лица од кои 29 излечени, 3 смртни случаи и 45 активни.

Agria

Дополнително тие известија за состојбата со коронавирусот на пунктовите на ЦЈЗ Велес во Кавадарци и Гевгелија заклучно со 2-ри мај 2020 година. Под подрачната единица на ЦЈЗ Велес во Кавадарци спаѓаат и општините Демир Капија, Pосоман и Неготино.

Бројките по општини:

▶️Демир Капија 5;
▶️Росоман 0;
▶️Неготино 4;
▶️Кавадарци 5.
▶️Гевгелија 4.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во подрачна единица Кавадарци изнесува 14 лица од кои 2 излечени, 1 смртен случај (државјанин на Р. Aлбанија) и 11 активни. Додека во подрачна единица Гевгелија изнесува 4 лица од кои 4 излечени.