Атлетската трка „Трчаме за Рацин“ организирана од Атлетскиот Клуб Борец и Општина Велес, по втор пат ќе се одржи низ улиците на градот на 11 Јуни со почеток од 19:00 часот. Таа ќе биде дел од програмата за Рациновите средби и ќе биде збогатена со настап на наш локален бенд, како и со музика и дј во текот на целата трка.
Содржината продолжува под рекламата
Во склоп на настанот ќе има трка на 10 километрим и 5 километри,како и детска трка од 500метри. Патеката на трчање ке биде кружна со старт и цел пред Гимназијата ” Кочо Рацин” во должина од 2.5 километри и ќе биде прва трка низ улиците на Велес по пауза од повеќе од 15години.
На минатогодишното издание учество земаа преку 500 учесници на сите три трки , а оваа година се очекува бројката да надмине 600 тркачи.
Содржината продолжува под рекламата
Од организаторите посочија дека доколку сакате да бидете дел од оваа трка и да трчате низ велешките улици пријавувањата ќе бидат отворени до крајот на мај, а линкот за пријавување може да го најдете на https://runnerspot.com/event/Racin .
Цената за пријава на 5 и 10 километри изнесува 850 денеари со dry fit маица, и 650 денари без маица. Стартниот пакет содржи маица, стартен број со чип, онлајн слики после трката, онлајн резултати,финишерски медал и освежување за време на трката.
Можеби ќе ве интересира: