Во градското дерби на ракометниот плеј аут во Првата ракометна лига, новајлијата во лигата екипата на Бисинов Фрутленд го декласираше Борец со резултат 44:13.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот беше решен во првите 15 минути кога Бисинов Фрутленд поведе со 12:0. Борец првиот погодок го постигна во 19 минута, а полувремето беше решено со предност на Бисинов Фрутленд од 22:5. Вториот дел беше само формалност во која домаќинот на овој натпревар само ја зголемуваше предноста.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасни во победничката екипа беа Панче Ристевски со девет, Мартин Иванов со осум и Александар Славков со седум погодоци, додека кај Борец Душан Крстевски со четири реализации, по него следуваше Марко Ангелов со три погодоци.
Можеби ќе ве интересира: