Пред неколку дена во јавноста одекна вест дека малолетници силувале малолетник.
По ова случајот влезе и во обвинителството, од каде се очекува повеќе информации.
Телевизија Телма објави дека силуваното дете имало само осум години, додека пак насилниците се деца на 13 и 10 годишна возраст.
Тие грозоморниот чин го снимале на мобилен и потоа го праќале на своите другарчиња, од каде за среќа не е објавено на социјалните мрежи.
Според телевизијатра, кога дознала мајката на силуваното дете веднаш го пријавила случајот во полициската станица Бит пазар.
Во моментов случајот е во ОЈО, од каде велат дека пријавените деца се помлади од 14 години, и со тоа се исклучени од кривична одговорност.
Можеби ќе ве интересира: