Реклама

(ФОТО) Локалната библиотека одржа свеченост во чест на великанот Гоце Делчев

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ денеска одржа свеченост во чест на великанот, револуционерот Гоце Делчев. Во рамките на културната програма, со музички точки настапија  м-р Илија Настовски и Филип Арилон, а  актерката Весна Димитрова-Бобевски изведе дел од монодрамата „Мајката на Делчеви“.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

На свеченоста беа врачени наградите од литературниот конкурс по повод чествувањето на ликот и делото на Гоце Делчев. Локалната библиотека на своите долгогодишни соработници меѓу кои и на Општина Велес им додели благодарници.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По повод 120 годишнината од неговата смрт, а во сеќавање на академскиот сликар Анѓел Петров, фондацијата која го носи неговото име, на велешката библиотека и подари портрет на Гоце Делчев, дело на уметникот Петров.