Нов хаос во Србија, осум лица убиени

Stop Policija
Stop Policija

Осум лица се убиени, а најмалку 13 повредени во нов инцидент во Србија. Напаѓач со автоматска пушка пукал по случаен избор, објави државната телевизија.

Zito akcija 640x289px

Инцидентот се случи доцна синоќа во близина на градот Младеновац, што е на околу 50 километри јужно од главниот град, се вели во извештајот на РТС рано утринава. Полицијата трага по 21-годишен осомничен кој побегнал по нападот, се вели во извештајот.

Agria

Лицето за кое полисијата се сомнева дека го изврши новиот масакар полицијата го именуваше како Урош Б. и објави негова слика во медиумите.

Сите влезови и излези од главниот град се блокирани.

Обвинетото лице било во училишниот двор со другарите, се скарале, а потоа отишол до својот дом, земал најверојатно автоматска пушка и започнал со крвавиот пир.

Како што соопшуваат медиумите, напаѓачот од автомобил во движење, кој претходно го украл, пукал во минувачи, при што прво убил три лица – две машки и едно женско, а ранил девет. Меѓу повредените имало и деца.

Убиени се полицаец (20) и неговата сестра. Третото лице (21) им подлегнало на повредите по престрелката кај Младеновац.

Како што соопшти МВР, активирана е акцијата Вихор, а сторителот Урош М.(21) е во бегство и по него е распишана потерница. Сите расположливи патроли беа испратени во правец на Младеновац и Мали Пожаревац.

Урош Б.(21) во масакрот во селото Дубона кај Младеновац уби осум лица, а рани 13. По крвавиот пир побегнал од местото, а полицијата се уште трага по него. Во тек е опсежна потрага на теренот и по напаѓачот се трага со хеликоптери на српското МВР и термо снимачки камери, а на терен се донесени и полициски кучиња

Осум лица кои беа повредени во пукотницата кај Младеновац и на кои им беше укажана помош во Ургентниот центар се во стабилна состојба. Во болницата Драгиша Мишовиќ има две повредени лица на возраст од 21 и 23 години, оперирани се, но нивните животи се уште се во опасност, јавува РТС.

Тие седеле таму и разговарале, тој им пришол и ги застрелал од ведро небо. „Ги убил моите внук и внука“, изјави за Блиц дедото на полицаецот Милан Паниќ и неговите сестри кои беа жртви на налудничавиот убиец Урош Б.

Според српските известувачи од местото на настанот, силни полициски сили се уште се на местото на злосторството.

Има и екипи за итни случаи. Се раздени во околината на Младеновац, специјалните единици почнуваат физички претрес на теренот, јавува репортерот на РТС. Периодот кога почнува да се разденува е проблем за користење термо камери.

Според неофицијални информации од болницата во Смедерево, ноќеска таму биле пренесени 10 лица, од кои четворица им подлегнале на раните.

Три лица се оперирани, две се во стабилна состојба, додека едно е на операција, пренесува РТС.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: