Вархеји ја осуди забраната за влез на Ковачев во Македонија

oliver varhej
oliver varhej

Еврокомесарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Оливер Вархеји се огласи со реакција по одбивањето на македонските гранични служби да им дозволат влез на петмина бугарски државјани, меѓу кои и европратеникот Андреј Ковачев.

Zito akcija 640x289px

„Го осудуваме одбивањето за влез на европратеникот Андреј Ковачев во Северна Македонија на 6-ти мај. Ја повикуваме владата на Северна Македонија итно да ја расчисти ситуацијата. Одбивањето влез на пратеник во Европскиот парламент е многу сериозна одлука“, објави Вархеји на Твитер.

Agria

Пред два дена владеачката бугарска партија ГЕРБ соопшти ќе се жали до официјалните власти на ЕУ по повод одлуката за забрана.

Министерството за внатрешни работи официјално информира дека забраниле влез во државата на петмина бугарски државјани поради неисполнување на условите за влез во Република Македонија.

Ковачев во саботата обелодени дека од македонските гранични служби добил „еден лист на кој пишува дека има уредба дека не им се допушта влез во Република Северна Македонија“.

„Јас сум крајно збунет од ова бидејќи пред само неколку дена имавме средба со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи. Ги поддржавме да ги започнат преговорите за членство во Европската унија. Не ми е јасно зошто постои овој став, коментирал Ковачев“, пренесе „БТА“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: