Велешанец го загуби животот во сообраќајна незгода пред Башино село

Soobrakajka
Soobrakajka

Едно лице на 31 годишна возраст почина, и две девојки се потешко повредени е епилогот од сообраќаната незгода која се случи синоќа  после наплатната рампа Сопот, пред тунелите кај Башино село.

Содржината продолжува под рекламата

Несреќата ја потврдија од Итната медицинска помош и Општа болница Велес, а реагирале и од Против пожарната единица од Велес при вадењето на повредените.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Починато е едно машко лице, родено 1992 година, констатирана смрт на лице место,  а две девојки родени 2003 и 2006, се со повреди на глава  и потколеници“ информира д-р Василка Пановска, началник на службата на Итна помош.

„По полноќ примени се две пациентки со тешки телесни повреди, скршеници, од нив едната е префрлена на Клинички центар во Скопје“ – соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: