Младите кошаркари на Борец Баскет ја добија екипата на Струмица како противник во полуфиналето на М12 фајнал фор во машка конкуренција.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварите ќе се одиграат во сабота 13 мај во Скопје, откако на лицитацијата за организација на турниот се одлучи Феникс 2010 да биде организаторот на завршниот турнир. Победниците од натпреварите Борец Баскет – Струмица и Феникс 2010 – Куманово ќе играат во финалето кое ќе се одигра во недела на 14 мај.
Содржината продолжува под рекламата
На патот до Фајнал фор турнирот кошаркарите на Борец Баскет остварија шест победи во групите, а во четвртфиналето ја елименираа екипата на МЗТ Скопје.
Можеби ќе ве интересира: