Англиски „Сан“ пишува дека милијардерот Сер Џим Ратклиф е најсериозен кандидат за преземање на легендарниот клуб, Манчестер Јунајтед. Медиумот објавува дека актуелните сопственици, семејството Глејзер, најмногу би сакале да го продадат клубот на Ратклиф, кој доставил најконкретна понуда.
Содржината продолжува под рекламата
Минатите неколку недели се засилија шпекулациите дека нов сопственик на Јунајтед ќе биде Шеикот Џасим Хамад Ал Тани, но новите информации го тврдат сосема спротивното и фаворитската улога му ја препуштаат на британскиот милијардер. Се претпоставува дека понудата од Ратклиф е во висина од дури пет милијарди евра, со што би станал сопственик на повеќе од 80% од акциите, а семејството Глејзер би останало како малцински акционер.
Содржината продолжува под рекламата
Навивачите на Манчестер Јунајтед одамна ги исвиркуваат американските сопственици и веќе неколку сезони бараат нивно заминување, а се чини дека сè поблиску е денот кога славниот клуб ќе добие нов сопственик. „Ѓаволите“ веќе цела деценија се мачат со формирање конкурентен ростер кој ќе се бори за титулата во Премиер лигата, но тоа не им оди од рака по заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон. Се чини дека оваа сезона тимот доби стабилност со доаѓањето на Ерик Тен Хаг на кормилото, но евидентно е дека на Јунајтед му се потребни нови засилувања за да може да атакува на самиот врв во англискиот фудбал.
Останува да видиме дали преземањето на клубот од Џим Ратклиф ќе се случи набргу и кои ќе бидат првите трансфер-потези на новиот газда. Искрените фанови на „ѓаволите“ се надеваат дека клубот нема да ја направи истата грешка како Челзи и да „фрли“ огромни средства за нови играчи, а сето тоа да се одвива плански и етапно.
🚨 Sir Jim Ratcliffe is the Glazer family’s preferred bidder.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 11, 2023
Insiders have indicated the Glazers would rather sell majority control of Manchester United to Ratcliffe than sell the whole club to Sheikh Jassim.
(Source: @SunSport) pic.twitter.com/BZSW6EaGD2
Можеби ќе ве интересира: