Реклама

Кој е градот кој е избор број еден на најсреќната нација на светот?

finska

Финска повторно е прогласена за најсреќната земја на светот, а во неа постои и место кое го нарекуваат најсреќно. Тоа е градот Тампере којшто Финците редовно го бираат како место каде најмногу сакаат да живеат.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Финска е најсреќната држава на светот според Светскиот извештај за среќа. Шеста година по ред е на врвот.Хели Јименез од „Business Finland“ вели дека среќата произлегува од блискиот однос со природата и нивниот приземен начин на живот. Тој објаснува зошто Тампере е место кое сите го сакаат.  На околу 180 километри северно од главниот град Хелсинки градот Тампере е на копнен мост меѓу две езера. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Посетителите можат да уживаат во шумата покрај езеро со прошетка низ крајбрежјето и да се капат, а до таму се стигнува со кратко возење со трамвај.

Кулата „Pyynikki“ е позната по своите кафулиња и крофни.  Тука е и маркетот „Hall“ отворен во 1901 година. Ова е најголемиот пазар во нордиските земји, а неговите штандови и кафулиња се преполни со висококвалитетни, локални производи како што е овошјето кое изобилува во текот на летните месеци.

Скандинавските земји со години се на врвот на листата најсреќни во светот. Земји како Македонија, Турција, Украина се меѓу најнесреќните. 

Moжеби ќе ве интересира: