Реклама

Реал Мадрид на колена, Манчестер Сити ќе игра во големото финале

liga sampioni

Манчестер Сити по вторпат ќе игра во големото финале од Лигата на шампионите. Голема радост за избраните на Гвардиола синоќа кои во драматичен натпревар предизвикаа вистинска еуфорија со надигрување на актуелни шампион Мадрид во реваншот од полуфиналето на Етихад.

Zito akcija 640x289px

4-0 е резултатот кој Анчелоти долго ќе го памети. Неговиот тим беше скршен пред еуфоричните напади на Манчестер Сити кој ќе се соочи со Интер на стадионот Ататурк и ќе се бори за големиот пехар.

Agria

Англискиот тим стартуваше доминантно во првото полувреме и не се одбојуваше од пред голот на Куртоа. Резултатот го отвори Бернардо Силва 23. минута кога по асистенција од Де Брујне погоди за водство од 1-0 и покрај претходните одлични шанси. Но, тимот на Манчестер Сити не престана да го опседнува голот на Реал, па во 37. минута Бернардо Силва уште еднаш ја затресе мрежата за предност од 2-0.

Во второто полувреме се очекуваше Реал Мадрид да тргне еуфорично кон израмнување, но како да изгубија секаква надеж и за постигнување на еден гол, иако Гвардиола ја промени тактиката на тимот да игра без жестоки напади. Во 76. минута по центаршут на Де Брујне, несреќниот Милитао си ја погоди сопствената мрежа за автогол за 3-0, се чини дека тука згаснаа сите надежи на Реал за што и Анчелоти беше свесен и немоќен да смени нешто во играта. Но Манчестер Сити не застана, напротив, тргна уште пожестоко и во 91. минута Алварез ги приреди тоталниот дебакл за Реал Мадрид од 4-0.

Финалето меѓу Манчестер Сити и Интер се игра на 10 јуни на стадионот Ататурк во Истанбул.

Можеби ќе ве интересира: