Во Црна Гора беше покрената петиција за забрана на социјалната мрежа ТикТок, а формуларот за електронски потпис беше објавен и на веб-страницата на Собранието на Црна Гора.
Во текстот на петицијата се посочува дека оваа платформа има исклучително лошо влијание врз децата и младите, бидејќи покажува несоодветна содржина на огромен број луѓе.
„Истата содржина ја создаваат нашите најмлади, со надеж дека ќе станат популарни, што е погрешна вредност. Децата треба да живеат детски животи, да имаат детство, да уживаат во секој ден од својот живот, а не да бидат „популарни“ и да имаат примери кои не можат ништо да ги научат“, се вели во петицијата.
Петицијата беше покрената по серијата инциденти поради следење на ТикТок, а особено откога 14-годишен ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград неодамна застрела и уби 10 лица, меѓу кои девет соученици.
Можеби ќе ве интересира: