Доминација на француските кајакари на првиот ден од Европското првенство на Матка

spasik ljupce
spasik ljupce

На првиот ден од Еропското првенство во спринт во кајак и кану на диви води што се одржува во Скопје доминираа репрезентативците од Франција.

Zito akcija 640x289px

Во класичната трка кај мажите злато за Максенс Бару, среброто му припадна на Симон Овен од Словенија додека трет е Кентан Бонетан од Франција.

Agria

Во оваа трка настапија и четири македонски репрезењнтативци, а најдобар пласман забележа Љубомир Спасиќ кој го освои 28 место. Александар Златаров беше 36-ти, Кристијан Лазаров целта ја мина како 40-ти, а на 42 позиција се пласираше Благој Гугинов.

Кај дамите најбрза беше Лорен Синесел од Белгија пред Германката Софија Шмит и Лиз Винет од Франција.

Во кану златниот медал го освои Тео Виенс од Франција, втор е неговиот сонародник Шарл Ферион, а третото место го освои Норма Вебер од Германија.

Во женска конкуренција триумф на Италијанката, Сесилија Панато пред Лаура Фонтен од Франција, а трета е Аличе Панато од Италија.

Машки двојки првите две места им припаднаа на Французите. Први се Виенс и Сатур пред браќата Русен, а трети се Германците Хајлингер и Вебер.

Кај дамите триумф на сестрите Панато пред Французинките Фонтен и Жилбер, а со бронзата се закитија Новозадова и Палудова од Чешка.

За потсетување, Натпреварите на 19 и 20 мај ќе може да ги следите во живо на фан страната на Батали.нет, како и јутуб каалот на Батали.нет.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: